Промотивни материјали

















Enhancing storage integration in buildings with Photovoltaics PV-ESTIA


 

Една од целите на Европската Унија за 2030 година е трансформација на постојните згради во згради со потрошувачка на енергија близу до нула (nZEB). nZEB се карактеризираат со намалена потрошувачка на нето енергија, при што поголемиот дел од енергетските потреби се обезбедува од обновливи извори на енергија, пред сѐ од фотоволтаици. Како резултат, во наредните години, значителен број на соларни генератори со испрекинато производство ќе бидат приклучени на енергетската мрежа што ќе создаде нови предизвици во поглед на сигурноста и доверливоста на енергетската мрежа. Колку бројот на nZEB ќе расте интеграцијата на фотоволтаици во дистрибутивните мрежи во регионот на Балканот и Медитеранот (BM) ќе станува сѐ посложена, освен ако зградите не станат повеќе прифатливи за енергетската мрежа и ако политиките и регулативата бидат соодветно адаптирани. Зголемениот продор на фотоволтаици може да предизвика неприфатлив стрес на енергетските мрежи во часовите на високо соларно производство на енергија. Најважните технички предизвици кои можат да произлезат се пренапоните, преоптовареноста на елементите на мрежата и заштитата од куси врски. Како најперспективно решение за ефикасно решавање на овие предизвици се смета интегрирањето на системите за складирање на енергија во nZEB.

 

Проектот “Подобрување на интеграцијата на складирање на енергија во згради со фотоволтаици (PV – ESTIA)” е финансиран од програмата за меѓугранична соработка Interreg V-B „Balkan-Mediterranean 2014 - 2020“ и е кофинансиран од националните фондови.

 

Главните цели на проектот PV – ESTIA се:

Главните резултати од проектот се:

  • Подобрување на интеграцијата на фотоволтаици и системи за складирање на енергија во згради преку 5 пилот проекти, со што ќе се олесни транзицијата кон nZEB;
  • Идентификување и справување со бариерите кои се појавуваат при инсталацијата на фотоволтаици;
  • Развивање на ново решение за енергетско управување за резиденцијални и комерцијални објекти, имајќи ги предвид можните интеракции со енергетската мрежа;
  • Трансформирање на зградите во контролирани извори на енергија;
  • Креирање и имплементирање на соодветни политики и легислатива.
  • Иновативна шема за управување со хибрид на фотоволтаици и системи за складирање на енергија;
  • Генерализиран модел за оценување на алтернативни политики кои се однесуваат на имплементација на ваквите хибриди;
  • Онлајн алатка која обезбедува проценка на профитабилноста на ваквите системи;
  • Напредна алатка за оценување на сценарија со различни политики;
  • Множество на заеднички регулаторни препораки во форма на патоказ за BM регионот и заеднички препораки за политики кои ќе се однесуваат на мрежните оператори и релевантните чинители.

Во рамките на проектот PV – ESTIA ќе биде извршена детална оцена на перформансите на предложената иновативна шема во реални услови. Сите пилот проекти се внимателно избрани со цел да се испита дали и колку големината на системите за складирање на енергија, како и различните географски услови влијаат на перформансите на предложената иновативна шема за управување.

 

Две групи на пилот проекти ги вклучуваат следните градови:

 

Прва група на пилот проекти:

 

  

СОЛУН:

Зградата на истражувачкиот комитет на Аристотел универзитетот во Солун (AUTH) е избрана како пилот локација на која ќе биде инсталиран 15 kWp фотоволтаичен систем и 15 kWh систем за складирање на енергија. Зградата е опремена со систем за енергетско управување со згради кој овозможува целосна имплементацијата и оцена на предложената иновативна шема за управување.
             

КОЖАНИ:

На оваа пилот локација, покрај постојниот 20 kWp фотоволтаичен систем ќе биде инсталиран и 20 kWh систем за складирање на енергија. Оваа пилот локација е дел од студентскиот дом на Универзитетот за применети науки на Западна Македонија.
         

НИКОЗИЈА:

Шест системи за складирање на енергија со номинален капацитет од 7 kWh ќе бидат инсталирани во пет одделни објекти на потрошувачи/производители кои веќе имаат инсталирани фотоволтаици. Дополнително, 20 kWh систем за складирање на енергија ќе биде придружен кон постојниот фотоволтаичен систем во општинската зграда на Никозија.
         

ПЛОВДИВ:

Пет објекти на потрошувачи/производители на електрична енергија ќе добијат системи за складирање на енергија со номинален капацитет од 7 kWh со цел да се валидираат перформансите на предложената иновативна шема за управување.
         

СКОПЈЕ:

На една од зградите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе биде инсталиран 7 kWh систем за складирање на енергија.

Втора група на пилот проекти

 

Втората група на пилот проекти вклучува инсталирање на интелигентни броила кај потрошувачи и производители/потрошувачи. Податоците од мерењата ќе се прибираат за период од најмалку една година и ќе биде применета исцрпна статистичка анализа со цел да се добијат типични дијаграми на потрошувачка и производство на електрична енергија во ВМ регионот.





НОВОСТИ






Date: 2018-03-08 09:36:37


 




Првата интернационална конференција на проектот “Подобрување на интеграцијата на складирање на енергија во згради со фотоволтаици - PV – ESTIA”

Date: 2018-02-08 12:00:26


23795095_351905391939034_5350377267186668460_n.jpg

Првата интернационална конференција на проектот “Подобрување на интеграцијата на складирање на енергија во згради со фотоволтаици - PV – ESTIA” на Balkan-Med програмата беше одржана на Универзитетот во Кипар. Таа послужи како платформа за справување со бариерите за интеграција на системи за складирање на енергија во згради со фотоволтаици и нивна интеракција со енергетската мрежа. Вонреден професор Георгиос Христофоридис го презентираше проектот PV – ESTIA и начинот на кој сакаме да го промениме начинот на интеракција на зградите со фотоволтаици и енергетската мрежа, за на тој начин да се отвори патот кон nZEB.

Професор Григорис Папгианис од Аристотел универзитетот во Солун ја отвори дискусијата како да се справиме и да ги избегнеме техничките бариери на системите за складирање на енергија, дали ни се потребни субвенции за вакви системи и дали да се фокусираме на децентрализираните или на централизираните системи за складирање на енергија.

23754671_351905431939030_1456392374585684230_n.jpg23755273_351905438605696_8947517945324648729_n.jpg


Електронски билтен



ПАРТНЕРИ






Aristotle University of Thessaloniki - Department of Electrical & Computer Engineering

University of Western Macedonia

University of Cyprus - Foss Research Centre For Sustainable Energy

Electricity Authority of Cyprus (DSO)

Energy Agency of Plovdiv

Ss Cyril and Methodius University in Skopje

Ministry of Environment and Energy - Directorate for Renewables and Electricity

EVN Electricity Distribution LLC Skopje




Contact information


Energy Agency of Plovdiv
Ruski 139 blvd, Plovdiv, Bulgaria
email: eap@eap-save.eu





Information


Login Work packages Gallery


INVESTMENT PRIORITY


Promoting innovative technologies to improve environmental
protection and resource efficiency in the waste sector,
soil protection or to reduce air pollution.
DURATION: 24 MONHTS
1 August 2017 - 31 July 2019



The transnational Cooperation Programme
Interreg V-B "Balkan-Mediaterranean 2014-2020"
is co-funded by the European Union (85%)
and National Funds of the participating countries (15%)

©Copyright 2017-2022