Прва група на пилот проекти:
СОЛУН:
Зградата на истражувачкиот комитет на Аристотел универзитетот во Солун (AUTH) е избрана како пилот локација на која ќе биде инсталиран 15 kWp фотоволтаичен систем и 15 kWh систем за складирање на енергија. Зградата е опремена со систем за енергетско управување со згради кој овозможува целосна имплементацијата и оцена на предложената иновативна шема за управување.
КОЖАНИ:
На оваа пилот локација, покрај постојниот 20 kWp фотоволтаичен систем ќе биде инсталиран и 20 kWh систем за складирање на енергија. Оваа пилот локација е дел од студентскиот дом на Универзитетот за применети науки на Западна Македонија.
НИКОЗИЈА:
Шест системи за складирање на енергија со номинален капацитет од 7 kWh ќе бидат инсталирани во пет одделни објекти на потрошувачи/производители кои веќе имаат инсталирани фотоволтаици. Дополнително, 20 kWh систем за складирање на енергија ќе биде придружен кон постојниот фотоволтаичен систем во општинската зграда на Никозија.
ПЛОВДИВ:
Пет објекти на потрошувачи/производители на електрична енергија ќе добијат системи за складирање на енергија со номинален капацитет од 7 kWh со цел да се валидираат перформансите на предложената иновативна шема за управување.
СКОПЈЕ:
На една од зградите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе биде инсталиран 7 kWh систем за складирање на енергија.
ВТОРА ГРУПА НА ПИЛОТ ПРОЕКТИ:
Втората група на пилот проекти вклучува инсталирање на интелигентни броила кај потрошувачи и производители/потрошувачи. Податоците од мерењата ќе се прибираат за период од најмалку една година и ќе биде применета исцрпна статистичка анализа со цел да се добијат типични дијаграми на потрошувачка и производство на електрична енергија во ВМ регионот.
|